Англиски пензионер одбил да плати казна од 100, а на суд потрошил 30.000 фунти

 Пензионерот од Велика Британија, Ричард Кидвел, одби да плати мандатна парична казна за сообраќаен прекршок, а тригодишниот судски процес го чинеше 300 пати повеќе, преноси Anadolu Agency (AA).

Британската полиција пред три години го казни пензионираниот инженер Кидвел со парична казна од 100 фунти (112 евра).

Казната му е изречена бидејќи возел автомобил со брзина од 56 километри на час на пат каде што максималната дозволена брзина била 48 километри на час.

Меѓутоа, 71-годишниот Кидвел одбил да ја плати казната и ја тужел сообраќајната полиција со образложение дека радарот бил расипан или дека мерел брзина на возилата кои возеле паралелно со него.

„Би-би-си“ (BBC) јавува дека Кидвел не успеал да ги докаже своите тврдења на суд и дека морал да ги плати сите судски трошоци.

Тој пред новинарите изјави дека се кае што не ја платил првичната казна и што сета заштеда ја потрошил на судскиот процес, а планирал да му ја подари на својот син.

Појасни дека услугите на адвокатот, судскиот процес и патарините во последните години го чинеле 30.000 фунти (33.600 евра).

Facebook Comments